
Мицкоски: Ќе продолжиме да им помагаме на семејствата на повредените во пожарот во Кочани
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со најголем дел од родителите на загинатите во Дискотеката „Пулс“ во Кочани се има видено и ќе продолжат да им помагаат семејствата на повредените.
Препорачано
– Апсолутно имаме организиран пристап и со родителите се видов, најголемиот дел од родителите и ќе продолжам да се гледам, да разговараме, да помагаме и за оние коишто се повредени и за оние коишто за жал ги загубија своите најмили – изјави премиерот Мицкоски, кој во Општина Желино денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата и се помага на семејствата на загинатите и повредните во кочанската дискотека „Пулс“.
Самохрана мајка на момче кое е повредено во пожарот во кочанската дискотека, раскажува за тешкиот живот по трагичната несреќа и негата за нејзиното дете. Таа вели дека морала да даде отказ од работа за да се грижи за синот, а дека има и друго десетгодишно дете, како и болна мајка за кои исто така треба да се грижи.
„Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што сè ќе треба во понатамошниот процес на заздравување – дали ќе има операции, дали ќе треба специјални ракавици или опрема… Јас сè што имам ќе дадам, ама потребна ни е и помош од државата,“ вели таа.