Мицкоски и Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан / Фото: Фејсбук

Мицкоски го поканил шеикот од Емиратите да ја посети Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски со делегација од владата до 17 април е во официјална билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Во рамки на посетата, македонскиот премиер се сретна со владетелот на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чија покана се реализира оваа посета.

Како што рече Мицкоски од Абу Даби, деновите кои следат очекува „многу плодни и успешни средби кои ќе значат зајакнување на економската соработка меѓу двете држави“.

„Денеска денот го почнавме со исклучително пријателска и квалитетна средба со неговото височество, претседателот и владетел на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски и поплодни односи, a јас од моја страна ги образложив нашите цели како влада. Истовремено, го поканив неговото височество да ја посети Република Македонија, а бизнис заедницата поблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот инфраструктурата, земјоделството, енергијата итн., нешто што сум убеден дека може да преставува солидна основа за наша подлабока билатерална соработка. Деновите коишто следат ќе имам средби со стопанските комори на Емиратите Дубаи, Абу Даби, Шаржа, како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажаа интерес да инвестираат кај нас дома, во Македонија. Очекувам навистина плодна и успешна посета и многу убави вести за македонсите граѓани“, вели Мицкоски во својата порака од Абу Даби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот