Христијан Мицкоски фото: Влада

Мицкоски ги повика сите партии заедно да го поддржат докторот Влатко Грозданов за градоначалник на Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите политички партии заедно да го поддржат независниот кандидат за градоначалник на Кочани, докторот Влатко Грозданов. Според него Грозданов може да направи многу за градот.

„Јас очекувам дека сите политички партии здружено ќе го поддржат доктор Влатко Грозданов и очекувам дека сите заедно ќе застанат позади неговата кандидатура. Ценам дека како лик, како човек од градот докторот може заедно со другите политички партии да направи многу за Кочани после онаа ужасна трагедија која што ни се случи “ рече Мицкоски.

Тој ги повика сите политички партии да застанат зад кандидатурата на Грозданов како натпартиска личност за општина Кочани.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени, сите оние кои што сакаат да ја поддржат, заеднички да застанеме зад натпартиска личност, немаме, нити па пледираме да ние бидеме тие кои што го имаме ексклузивното на оваа натпартиска кандидатура. Ги повикувам сите политички партии да застанат позади кандидатурата и заедно да го избереме за доброто на Кочани и за доброто на регионот“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека во Кочани ќе го поддржи независниот кандидат д-р Влатко Грозданов.

ВМРО-ДПМНЕ не кандидира свој човек во Кочани, ќе поддржи независен кандидат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот