Христијан Мицкоски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Филипче е континуитет на неговиот гуру Зоран Заев коишто го осиромашија народот

На денешниот народен митинг во Ново Село во рамките на изборната кампања претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека е убеден дека граѓаните во голем број ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ќе гласаат за бројот 9 за да продолжи Македонија да се развива и гради.

„Нашиот политички противник оваа кампања ја започна со негативна кампања. Јас не слушнав до сега од претседателот на СДСМ ниту еден проект ниту една стратешка визија ниту еден проект што ќе значи иднина. Тој самиот вели во неговите говори дека ова раководство на СДСМ е континуитет на раководството на СДСМ коешто 7 години ја пустошеше и ја распродаваше Македонија па има ли поголема потврда од ова и поголема инспирација за граѓаните во Македонија да излезат на 19 октомври и да гласаат токму против тие политики коишто минатата жестоко ги поразија на парламентарните и претседателските избори“ нагласи Мицкоски.

Според Мицкоски, Филипче е континуитет на политиките на Зоран Заев коишто го осиромашија народот а половина милион граѓани оставија со 150 денари на ден.

„Замислете човекот излегува ни срам ни перде, без никаква дилема вели јас сум континуитет на политиките на мојот гуру Зоран Заев. Ајде да се присетиме што се случуваше тие 7 години. Еве дали да почнеме од тоа што половина милион наши граѓани живееја со 150 денари на ден. Дали да зборуваме за пензиите на пензионерите коишто годишно се покачуваа од 130- 150 до 500 денари максимум. Тоа беа покачувањата на пензиите за нашите пензионери во тие 7 години. Па сега ќе кажат покачувањето што го направи оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ не било доволно па се потсмеваат со тоа, се исмеваат со тоа а забораваат дека повеќе од 350 илјади пензионери досега добија линеарно покачување од 6000 денари а за година и половина заклучно со покачувањето што ќе биде во април месец, односно за месец март, вкупното линеарно покачување ќе биде за секој пензионер за сите овие повеќе од 350 илјади пензионери 7 000 денари“ рече тој.

Мицкоски додаде дека зголемувањето на пензиите за Филипче не значи ништо затоа што нивните јахти и хациенди вредат милиони.

„За нив 14 илјади денари можеби не значат ништо затоа што нивните јахти, нивните хациенди на Халкидики и во Дубаи вредат милиони, 10тици милиони евра па на тој начин тие се потсмеваат со маката на македонскиот народ којшто го осиромашуваа и кој го пустошеа 7 години. Овој човек вели дека е континуитет на владата на СДС и ДУИ кои 7 го доведе македонскиот народ и граѓаните на питачки стап“ истакна Мицкоски.

Мицкоски ги потенцира предавствата на СДСМ и шарените лаги за резолуцијата со црвени линии на Венко и СДС.

„Да се потсетиме и на националните предавства и распродажбата на Македонија. На капитулантскиот договор со нашиот источен сосед, да се потсетиме за она што тие го нарекуваат француски предлог а ние бугарски диктат. 15 пресуди од судот во Стразбур стојат во некоја фиока фаќаат прашина и немаат абер ниту една од нив да имплементираат а овие наши мислејќи дека на тој начин ќе останат уште долго на власт влегоа во тој аранжман не водејќи сметка за Македонците од другата страна на границата. Денес ќе го слушнете Венко како се препелка на отворена сцена и ќе ви зборува за резолуција со црвени линии. Па ќе зборува за себе дека бил некаков патриот. Зарем некој овде верува дека во СДСМ има нешто патриотско“ порача Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот