Мицкоски: До крајот на месецов ќе биде познат моделот за справување со растот на цените

До крајот на јули треба да биде дефиниран моделот со кој Владата ќе реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

На заедничката прес-конференција со министерот за локална самоуправа Златко Перински, Мицкоски истакна дека се прават детални анализи и дека се размислува за неколку пристапи, во консултација со економски експерти, Пазарниот инспекторат и трговските синџири.

– Очекувам до крајот на месецов да го конципираме моделот и, доколку трендот продолжи и во месеците што следат, да донесеме соодветни мерки. Сакаме заеднички, а не како различни страни, да пристапиме кон проблемот и да најдеме трајно решение – рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата е насочена кон утврдување на причините за растот на базичната инфлација, која, според него, има најголемо влијание врз крајните цени на производите.

– Ќе направиме сè што е во наша моќ граѓаните да имаат најниски можни цени, но мораме да влеземе длабински во анализата на базичната инфлација. Не сакаме краткорочни и стихийни мерки, туку таргетирани и ефикасни – рече премиерот.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците на живот во јуни се зголемени за 4,5 проценти на годишно ниво, а цените на мало за 3,7 проценти.

Мицкоски веќе претходно, на 7 јули, најави анализа на структурата на инфлацијата, посочувајќи дека дел од ценовниот раст не доаѓа само од трговците, туку и од пошироки економски фактори, вклучително и инфлацијата на услуги.

Нема ни трпение, а ни спасение од цените – Ќе јадеме ли повторно бурек поевтин за 5 денари?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот