
Мицевски: Каде и кому Артан Груби ќе му ја докажува невиноста?
Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ обвини дека ДУИ применува двојни стандарди во однос на одговорноста на своите функционери, наведувајќи дека Рамиз Мерко беше исклучен веднаш по санкциите од САД, додека за Артан Груби се остава простор за жалби и докажување на невиност.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мицевски ја критикуваше ДУИ и неговиот соговорник, Блерим Беџети од опозициската партија, за користење на национални теми за избегнување на одговорност, како и за неуспесите во економијата, образованието и инвестициите. Тој рече дека на последните избори, граѓаните ја казниле политиката на ДУИ и СДСМ, овозможувајќи ѝ на опозицијата да формира влада, додека „Вреди“ бил „етнички победник меѓу албанските гласачи“.
„Не може сега да се минимизира ситуацијата со Артан Груби, а истовремено кога Рамиз Мерко беше ставен на црната листа, истиот ден беше суспендиран од сите функции. Сега тврдите дека Груби има право на жалба и ќе ја докажува својата невиност. Но, на кого и каде ќе ја докажува? Стејт департментот јасно соопшти дека имаат докази за неговото политичко влијание во судството, што нема да биде толерирано“, рече Мицевски.
Беџети, од своја страна,.рече дека оваа влада „нема етнички легитимитет кај Албанците“ и дека ДУИ се обидува да спречи „мајоризација“ во државата.
„Ние не можеме да се сложиме со етничка мајоризација, рамковниот договор и бадентер, е донесен да нема мајоризација. И во 2001 година имало институции, Уставен суд, Собрание и Влада и обвинителство и се, но дојде до таа војна. Сите проблеми почнаа кога Уставниот суд ја укина одредбата во делот на знамињата. За алатката балансер сите сме свесни дека се злоупотребуваше. Или ќе се почитува Рамковниот договор или не. Треба да разберете дека има еден гнев, 28 Номври беше најдобар показател дека тоа не беше само славење, беше протест. Паметни политичари треба да седнат и да размислат. Денот почнал наопаку со ова парламентарно мнозинство, оваа влада нема етнички легитимитет. Ако ние го почитуваме легитимитетот на Македонците, непочитувањето доведува до мајоризација“, рече Беџети.