Фото: Instagram

„Ми се закани дека ќе останам на улица ако…“: Ксенија јавно проговори за семејните расправии со татко ѝ Кнез

Ксенија Кнежевиќ, пејачка и ќерка на познатиот пејач Ненад Кнежевиќ – Кнез, неодамна за прв пат откри некои семејни детали за кои до сега не зборувала. Таа ги изненади сите со признавањето дека расправиите се честа појава во нејзиниот дом, особено за време на ручекот.

„Во нашата куќа секогаш има динамика. Потекнувам од лудо семејство и мешан брак, каде радоста е секојдневие. Нашите пријатели најдобро знаат каква атмосфера владее во нашата куќа – песната е секогаш присутна“, започна Ксенија.

Ксенија меѓу другото зборуваше и за нејзината врска со Кнез. Таа додаде дека таа и нејзиниот татко често се расправаат за музиката.

„Кнез и јас се расправаме додека јадеме, обично за тоа кои песни се добри, а кои не. Тој не сака критики, но мора да научи да ги слуша туѓите мислења. Еднаш ми рече дека ќе завршам на улицата ако не станам пејачка и ако не се трудам. Тој никогаш не поддржуваше мрзеливост и разгалување, секогаш ме учеше да се борам за себе и да го градам својот успех со труд“, објасни пејачката.

Ксенија истакна дека уште од детството била сигурна дека ќе тргне по стапките на нејзиниот татко.

„Почнав да се занимавам со музика како дете. Пораснав со мама и тато, кои пеат цел живот, па немав друга опција. Прво ме насочија кон спортот, но набрзо сфатија дека тоа не е за мене, тогаш татко ми рече: „Синко, ќе пееш“ и така започна сѐ“, продолжи таа.

Зборувајќи за нејзината сегашна работа, Ксенија призна дека и треба време да се навикне на соло настапи.

„Кога сум сама на сцената, автоматски се вртам за да ги побарам Сања и Ивана, девојките од групата. Сè уште се навикнувам да пеам сè сама, но со текот на времето тоа ќе си дојде на свое. Освен тоа, јас Наскоро планирам да си ги пробам силите и во актерството. Работам на проект за кој сè уште не можам да зборувам, но сигурна сум дека глумата е мојата втора љубов и едвај чекам да се докажам и на тоа поле“, заклучи Ксенија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот