Фото: Instagram / officiallymcconaughey

Метју Меконахи ја откри тајната на неговиот успешен брак: Еве што никогаш не треба да правите во спалната соба

Актерот Метју Меконахи го откри тајниот совет за неговиот успешен брак, а тој вклучува помал брачен кревет. Во разговор за „Фокс њуз диџитал“, Метју (55), кој е во брак со Камила Алвес повеќе од една деценија, рече дека паровите со многу големи кревети треба да размислат за многу помала големина, пренесува „Пипл“.

„Се будам едно утро… Погледнувам таму, а Камила е толку далеку од мене како да сме на спротивните страни од фудбалско игралиште. Потоа навечер, ако сакате нешто, тоа е невозможно“, рекол познатиот актер во свој стил.

Авторот на „Поеми и молитви“ додаде: „Тие проклети кревети со големина ‘king size’ не се добри за брак. Ослободете се од тој гад.“

„Значи, добивме кревет со големина ‘queen size’, помала големина каде што сме еден до друг“, продолжил Метју. „Ви велам, тоа е добро за вашиот брак“, советува саканиот холивудски актер.

Добитникот на Оскар, исто така, ја нагласи важноста од давање приоритет на романтичната врска, дури и во средината на секојдневните одговорности на родителството.

„Не можете да живеете со вашите деца 100 проценти како родител. Мора да запомните дека еден од најдобрите примери што можете да им ги дадете на вашите деца за тоа како да се однесуваат кон жена или маж или некого во кого на крајот се заљубуваат е како се однесувате кон нивната мајка и како нивната мајка се однесува кон нивниот татко“, рекол Метју, кој ја запозна Камила, модел, претприемач и филантроп, во ноќен клуб во Лос Анџелес во 2006 година.

Да потсетиме, двојката се венча во 2012 година по шестмесечна свршувачка. Подоцна добија три деца: Леви, Вида и Ливингстон.

ВИДЕО | Метју Меконахи одбил понуда од 14,5 милиони долари: „Повеќе не сакам да глумам во такви филмови“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот