Фото: Martin Bertrand / AFP / Profimedia

Метеж под Лондон: Снема струја во метрото, патници заглавени

Голем прекин на електричната енергија парализираше дел од лондонското метро и железничката мрежа. Сериозен прекин на електричната енергија предизвика хаос денес во Лондон, кога четири клучни линии на метрото и „Линијата Елизабет“ беа суспендирани пред попладневниот шпиц.

Вкупно околу 20 станици низ мрежата се затворени или делумно затворени, вклучувајќи ги и главните центри како што се Падингтон, Ливерпул Стрит и Тотенхем Корт Роуд. Неодамна, хаос беше забележан и во Шпанија и соседна Португалија кога имаше ненадеен масовен прекин на електирчна енергија.

Многу патници беа заробени во возовите повеќе од час и половина, без вода и основни услови. Некои морале да пешачат низ тунелите до најблиската станица, и до 20 минути.

Лондонскиот транспорт (ТФЛ) ги потврди проблемите и им се извини на патниците. Инженерите работат на враќање во нормала што е можно побрзо.

На патниците им се препорачува да користат алтернативни линии: градски автобуси, линиите Лондон Оверграунд, Темзлинк и Саутестерн, и сите прифаќаат билети за метро додека траат проблемите, пренесуваат медиумите во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот