Мета фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Мета потпиша договор за купување нуклеарна енергија до 2047 година

Американската технолошка корпорација „Мета“ потпиша договор со „Констелејшн енерџи“ за купување на 1,1 гигават нуклеарна енергија од електраната „Клинтон“ во сојузната држава Илиноис, почнувајќи од јуни 2027 година.

Договорот, кој ќе важи 20 години, го опфаќа целото производство на постојниот реактор и ќе овозможи продолжување на работата и повторно лиценцирање на електраната, која без договорот би била во опасност од затворање.

Ниедна од компаниите не ги откри точните финансиски услови, но договорот вреден повеќе милијарди долари ќе ѝ помогне на „Констелејшн“ повторно да ја лиценцира електраната и да гарантира купувач за времетраењето на продолжувањето на лиценцата, објави „ТекКранч“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот