
Мета „киднапира“ млад гениј за плата од неверојатни 250 милиони долари!
Компанијата Мета предводена од Марк Закерберг привлече внимание нудејќи астрономски договор на 24-годишниот експерт за вештачка интелигенција (ВИ) Мет Дајтки.
Овој потег не само што илустрира агресивна трка за врвни таленти, туку и покренува сериозни прашања за растечката економска нееднаквост во иднина доминирана од ВИ.
Препорачано
Мет Дајтки, кој се откажа од докторските студии на Универзитетот во Вашингтон, првично ја отфрли понудата на Мет од околу 125 милиони долари. Сепак, откако Закерберг се сретна со него лично и ја удвои понудата, Дајтки прифати веројатно еден од најголемите договори за вработување во корпоративниот свет. Договорот вклучува можна исплата од 100 милиони долари веќе во првата година- пренесе Каматица.
– Кога компјутерските научници се платени како професионални спортисти, го достигнавме врвот на „Одмаздата на штреберите“ – рече економистот Дејвид Автор .
Зошто вработени во „Мета“ заработуваат милиони, а сакаат да дадат отказ?
По напуштањето на докторските студии, Дајтки работеше во Институтот Ален за вештачка интелигенција во Сиетл, каде што го разви Молма, чет-бот со вештачка интелигенција кој обработува слики, звук и текст, што е токму она што го бара Мета. Тој е и ко-основач на стартапот Верцепт, кој привлече инвеститори како поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит, позиционирајќи го како исклучително баран талент.
Неговата работа на мултимодални модели му донесе престижна награда на конференцијата NeurIPS 2022, едно од највисоките почести во светот на истражувачите на вештачка интелигенција.
Договорот на Даитки ја истакнува стратегијата на Мета за изградба на „ѕвезден тим“, трошејќи повеќе од 1 милијарда долари за да донесе врвни експерти, вклучувајќи го и Руоминг Панг, поранешниот шеф на тимот за моделирање на вештачка интелигенција на Apple. Додека некои го гледаат ова натпреварување како поттик за иновации, критичарите изразуваат загриженост. Професорот по компјутерски студии Рамеш Сринивасан истакнува дека ваквите потези придонесуваат за растечка економска нееднаквост.
– Тие компании даваат стотици милиони долари на неколку елитни истражувачи, а во исто време отпуштаат илјадници работници, од кои многумина, како модераторите на содржини, дури и не се постојано вработени – рече Сринивасан и додаде дека компаниите планираат да ги заменат тие работни места со системи за вештачка интелигенција.
Тој објаснува дека токму „автоматизацијата на когнитивните задачи“, е она што ги загрозува работните места во области како што се човечки ресурси, администрација, правда, па дури и возење.
Кога инвеститорите го прашаа, Марк Закерберг ја оправда стратегијата:
– Градиме елитен тим со висока концентрација на таленти. Ако ќе потрошите стотици милијарди долари за компјутерска моќ, тогаш има смисла да се борите исклучително напорно и да направите сè што е потребно за да ги натерате тие 50 или 70 врвни истражувачи да го изградат вашиот тим. Едноставно кажано, постои апсолутна премија за најдобрите и најталентираните луѓе- рече тој.