
Мета бил повредениот, а загинатиот во Тетово бил колатерална штета – двајца осомничени во бегство
Еден од ранетите кој со калашњиков беше ранет во градниот кош од семејството Терзија бил мета во пукањето што се случи во неделата на пладне во Тетово, а кон него пукал петнаесетгодишник од тетовско Гајре кој најверојатно сакал да ја одмазди смртта на Адхурим Мусаи, додека убиениот во престрелката бил пријател, а не член на едно од закрвените семејства, дознава „Слободен печат“.
Препорачано
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против четири лица, а по двајца од осомничените, по еден од двете семејства, се трага односно се во бегство. Малолетникот заедно со еден од избеганите З.Т. биле во „форд фокусот“ и на пладне со автоматска пушка пукале кон „голфот“ и смртно го раниле возачот, додека совозачот, кој бил мета е ранет.
-На 10.08.2025 на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина. Иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена. М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода – соопшти МВР.
Нетрпеливоста на двете семејства трае со години, а еден од семејството Мусаи беше убиен во пукање минатата година пред тетовската болница.
ФОТО: Пукање во Клиничката болница во Тетово, двајца се ранети