Мерна станица во Трубарево ќе го контролира квалитетот на воздухот по вчерашниот пожар

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска повторно беше во теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде е поставена мерна станица да го провери квалитетот на воздухот во реално време.

Меџити, како што информира министерството на чие барање е поставена мерната станица, беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Дејан Мираковски.

Министерот Меџити во текот на посетата извршил увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.

„Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка. Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот