Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Мерцедес најбрз на квалификациите

Валтери Ботас го оствари најбрзото време на квалификациите за трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1 шампионатот. Ботас, пол позицијата ја заслужи откако  кругот низ улиците на Баку го извозе во време од 1:40.495 минути.

Второ најбрзо време имаше клупскиот колега од Мерцедес, и актуелен шампион, Луис Хамилтон. Како трет, на утрешната трка ќе стартува возачот на Ферари, Себастијан Фетел.

Неговиот клупски колега, Шарл Леклерк кој доминираше на тренинзите изминатите два дена, ќе стартува од 10. позиција откако  се удри во заштитната ограда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот