Кандидатот за германски канцелар и лидер на ЦДУ, Фридрих Мерц / Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Мерц прогласи победа: Брзо да се формира одржлива влада, светот нема да нè чека

„Победивме на овие избори“, објави Фридрих Мерц, лидер на Демохристијаните (ЦДУ), во обраќањето пред симпатизерите во Берлин, по објавувањето на резултатите од првичните излезни анкети, пренесе „Политико

Неговата ЦДУ, заедно со баварската сестринска партија, Христијанско-социјална унија (ЦСУ), според излезните анкети, освоиле вкупно 29 отсто од гласовите, односно околу 210 пратенички места во Бундестагот. Зад нив е ултрадесничарската АфД со околу 19,5 отсто од гласовите. СПД е на трето место со 16 отсто, а Зелените на четврто со 13,5 отсто.

„Она што сакам да го кажам на нашите бирачи е „ви благодарам“ што ни укажавте доверба, мене лично и на нашата партија, бидејќи знам што значи тоа во смисла на одговорност. И свесен сум за обемот на работа што е пред нас. Со најголема почит ја преземам таа одговорност“, продолжи Мерц.

Кандидатот за германски канцелар рече дека е важно брзо да се формира коалициска влада која ќе биде „одржлива“.

„Надворешниот свет нема да нè чека. Сега ќе разговараме едни со други и што поскоро мора да составиме одржлива влада во Германија, влада која ќе може да делува врз основа на мнозинство“, рече Мерц.

На денешните избори гласале околу 83 отсто од избирачите во Германија, што е рекорден одѕив од обединувањето на земјата во 1990 година.

Излезни анкети за изборите во Германија: ЦДУ/ЦСУ во предност, ги следи АфД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот