
Мерц го критикуваше порастот на антисемитизмот по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во 2023 година, антисемитизмот станал погласен, поотворен, побезобразен и понасилен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Критиката кон Израел и најгрубото менување на улогите меѓу сторителот и жртвата е сè повеќе изговор за ширење на отровот на антисемитизмот“, рече Мерц на 75-годишнината од основањето на Централниот совет на Евреите во Германија, пренесува Ројтерс.

Минатиот месец, Германија го суспендираше извозот на оружје за кое верува дека може да се користи во Појасот Газа, што е прв пат Берлин да ја повлече воената помош за Израел.
Оваа одлука е донесена поради зголемениот јавен притисок и хуманитарната криза во Газа.
Германија е најголемиот снабдувач со оружје на Израел по САД и долго време е еден од најголемите поддржувачи на Израел, првенствено поради нејзината историска одговорност за Холокаустот за време на Втората светска војна.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
17мин
-
22мин
-
25мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5