фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Меншик против Ѓоковиќ за титулата во Мајами

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик е вториот финалист во финалето на Мастерс турнирот во Мајами, САД.

Меншик во полуфиналната фаза успеа да го совлада Американецот Тејлор Фриц со резултат 2:1 во сетгови 7:6 (4), 4:6 и 7:6 (4) по два часа и 27 минути игра.

Противник на Меншик во финалето ќе биде Новак Ѓоковиќ кој претходно во полуфиналето триумфираше против Григор Димитров.

Меншик и Ѓоковиќ досега се сретнаа еднаш, минатата година Србинот беше подобар на АТП Мастерс турнирот во Шангај, Кина, во четвртфиналето со 6:7 (4), 6:1 и 6:4.

Финалниот меч во Мајами е закажан за в недела во 20.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот