Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Mеморијален марш за Благојче Илијевски, кој почина од цистична фиброза чекајќи државата да го набави лекот „трикафта“
На 30 март ќе се одржи вториот меморијален марш во чест на Благојче Илијевски, кој во 2023 почина на 45 години од цистична фиброза, чекајќи државата да го набави лекот „трикафта“. Асоцијацијата за цистична фиброза на Македонија го нарече Илијевски свој херој, зашто неговата трагична смрт ги спаси сите останати кои по него добија право на лек, објави „СДК.мк“.
Препорачано
Маршот се организира по повод 27 март, роденденот на Илијевски, со водичи од планинарското друштво „7 мај“ од Битола. Се поаѓа од 10 часот кај винарија „Чифлик“ во близина на село Брусник, Битолско, а потоа турата продолжува до Дихово и назад кон село Брусник.
Илијевски повеќе години се бореше со цистичната фиброза. Во 2023 тој беше меѓу осумтемина пациенти со најитна потреба од лекот, но не дочека државата да обезбеди средства за набавка и почина на 8 февруари 2023, на 45-годишна возраст. Битолчани критикуваа дека тој е жртва на здравствениот систем во земјава и дека е недозволиво во денешно време да умираат луѓе од болест за која постои лек. Ден по неговата смрт, тогашниот министер за здравство Беким Сали соопшти дека се обезбедени буџетски средства за „трикафта“ за осуммина болни од цистична фиброза.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
15мин
-
19мин
-
26мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5