Мексико бара од „Адидас“ да ги обесштети локалните заедници за чевлите инспирирани од традиционални сандали

Мексиканските власти бараат германскиот производител на облека и спортска опрема Адидас да им обезбеди обесштетување на локалните заедници откако компанијата лансираше чевли инспирирани од традиционална сандала за регионот, објави Ројтерс. Моделот, наречен Oaхака Слип Он, е создаден во партнерство со мексиканско-американскиот дизајнер Вили Чаварија.

Сандалите комбинираат модерен дизајн со ткаени елементи што потсетуваат на кожните сандали „хуараче“ типични за јужната држава Оахака. Оние кои бараат надомест се фокусираат на фактот дека производството е извршено во Кина и дека локалните занаетчии не добиле признание или корист од продажбата на производот. Покрај тоа, користењето на името на државата на комерцијален производ без соодветна согласност се смета за форма на културно присвојување, додава Ројтерс.

„Големите компании често земаат производи, идеи и дизајни од домородните заедници“, рече претседателката Клаудија Шајнбаум. Таа додаде дека владата разгледува правна поддршка за погодените заедници. Заменик-министерот за култура Марина Нуњез потврди дека Адидас контактирал со претставници на државата Оахака за да разговара за можен надомест. Дизајнерот Вили Чаварија се извини, велејќи дека жали што сандалата е создадена без „директно и значајно партнерство со заедницата Оахака“.

Неговата намера била да му оддаде почит на културното и уметничкото богатство на регионот. Адидас сè уште не коментирал јавно за ова прашање, пренесува БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот