Андрес Мануел Лопез Обрадор/ Фото EPA-EFE/Isaac Esquivel

Мексиканскиот претседател бара од САД да не финансираат организации кои се „непријателски настроени кон неговата Влада“

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор испрати писмо до својот американски колега Џо Бајден во кое бара Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) да престане да ги финансира организациите кои се непријателски настроени кон мексиканската влада. Мексиканскиот претседател не прецизираше на кои опозициски организации мисли.

„Американската влада, конкретно преку УСАИД, извесно време финансира организации кои отворено се спротивставуваат на легитимната и законски избрана влада што јас ја застапувам“, вели Лопез Обрадор во своето писмо. „Ова е јасно интервенционистички чин кој е во спротивност со меѓународното право и односите што треба да преовладуваат меѓу слободните и суверените држави“, напиша шефот на мексиканската држава.

Тој го повикува претседателот Бајден да интервенира, додавајќи дека неодамна американскиот Стејт департмент соопшти дека УСАИД ќе ги зголеми средствата што ги доделува на таквите организации.

Портпаролот на УСАИД рече дека САД и Мексико одржуваат „длабоко партнерство“. „Посветени сме да работиме со низа локални партнери, вклучително и граѓанското општество, за да генерираме инклузивен и одржлив развој поттикнат на локално ниво“, нагласи американскиот портпарол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот