Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум/EPA-EFE

Мексиканската претседателка негира дека ги поттикнала протестите во Лос Анџелес

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум го отфрли тврдењето на висок американски функционер дека охрабрила демонстрации против депортацијата на мигранти во Лос Анџелес.

Од петок, полицијата се судри со демонстрантите во Лос Анџелес, дом на голема мексиканска заедница, кои протестираат против федералните рации против недокументирани имигранти.

Стотици маринци, мобилизирани од американскиот претседател Доналд Трамп против желбите на властите во Калифорнија, денес пристигнаа во градот како засилување.

Илјадници војници и полицајци веќе се распоредени во градот за да ги задушат демонстрациите против депортацијата на мигранти.

„Секретарката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем“, неправилно рече дека јас сум охрабрила насилни демонстрации во Лос Анџелес. Ја информирам дека ова е сосема погрешно“, напиша мексиканската претседателка на мрежата X, приложувајќи видео извадок од нејзината прес-конференција во понеделник на која го осуди насилството за време на тие демонстрации.

На прес-конференцијата заедно со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа утрово, секретарката за внатрешна безбедност на САД тврдеше дека мексиканската претседателка ги охрабрила демонстрантите во Лос Анџелес и рече дека таа ја осудува за тоа.

„Таа не треба да охрабрува насилни демонстрации како оние што ги гледаме“, рече Ноем.

Шајнбаум рече дека палењето полициски автомобили изгледа повеќе како чин на провокација отколку на отпор и повтори дека треба да биде јасно дека Мексико го осудува насилството каде и да доаѓа.

„Ја повикуваме мексиканската заедница да дејствува смирено и да не се вклучува во провокации“, додаде мексиканската претседателка, истовремено апелирајќи до американските власти да „почитуваат човеково достоинство и законот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот