Фото: EPA/CHRISTOPHER JUE

„Мекдоналдс“ ќе потроши 100 милиони долари на ублажување на штетата од скандалот со ешерихија коли

Ланецот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ денеска објави дека ќе потроши 100 милиони долари за да ја зголеми продажбата откако појавата на бактеријата ешерихија коли во неговите производи ги исплаши купувачите и предизвика пад на бизнисот на компанијата во САД.

Американскиот ланец објави дека контроверзните хамбургери од „четврт фунта“ сега се враќаат на менијата низ целата земја и дека компанијата ги инвестира споменатите пари во маркетинг и други програми за да ја врати довербата на клиентите, објави Блумберг.

Продажбата на Мекдоналдс опадна откако американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во октомври објави дека истражува појава на контаминација на храната со ешерихија коли, за која се верува дека е предизвикана од свеж исечен кромид во спорниот сендвич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот