Фото: EPA-EFE/ROBIN UTRECHT

Меѓународниот суд на правдата во Хаг не му нареди на Израел да ја прекине војната како што побара Јужна Африка

Меѓународниот суд на правдата (МСП)  нѐ му наредил на Израел да ја прекине војната како што побара Јужна Африка, стои во одлуката што ја донесоа 17 судии од овој суд.

Израел испрати силен правен тим во Хаг кој тврдеше дека има право да се брани по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година. Меѓународниот суд на правдата издаде итни мерки со кои му наредува на Израел да ги преземе се што е во негова моќ за да спречи дејствија што би можеле да бидат во спротивност со Конвенцијата за геноцид.

Сепак, судот не му наредил на Израел да ја прекине војната како што побара Јужна Африка. Голем број земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Катар, Јордан, Иран, Саудиска Арабија и Египет рекоа дека ја одобруваат пресудата.

Израелските власти го обвинија меѓународниот суд за правда за антисемитска пристрасност.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, како одговор на пресудата рече дека неговата земја е посветена на почитување на меѓународното право, како и одбрана на својот народ.

„Гнасниот обид да му се ускрати на Израел ова основно право (на самоодбрана) е бесрамна дискриминација на еврејската држава и тој беше праведно отфрлен“,рече тој.

 

Јоав Галант, министерот за одбрана рекол дека Меѓународниот суд на правдата отишол предалеку кога го отбил антисемитското барање на Јужна Африка да разговара за тврдењето за геноцид во Газа и сега одбивал целосно да ја отвфрли таа петиција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!