Фото: Принтскрин/Фејсбук/Сараевски филмски фестивал

ФОТО | Мег Рајан го доби признанието Почесно срце на Сараево: „Уметност, а не војна“, порача актерката

Холивудската ѕвезда Мег Рајан, во знак на признание за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност, го доби признанието „Почесно срце на Сараево“ на 30. Сараевски филмски фестивал (СФФ). Наградата ѝ беше врачена во летното кино „Кока-кола“.

– Ви благодарам на вашите срца. Ви благодарам на вашиот пример. Тоа е Сараево. Тој има повеќе смелост од другите. Сега, секој, кај и да е, кој трпи секаков вид насилство или угнетување и се чувствува осамено, може да се угледа на ова место и на вас како пример. Вие сте доказ дека различноста е моќ и дека уметноста е нешто поради што треба да се чувствувате помалку осамени и дека уметноста нè поврзува без никакви бариери. Нема одвојувања. Уметност, а не војна – рекла Мег Рајан, пренесува „Аваз.ба“.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Сараевски филмски фестивал

Инаку, холивудската вчера се претстави во програмата „Мастерклас“ што ја модерира босанскиот режисер, оскаровецот Данис Тановиќ.

– Мило ми е што сум овде, почестена сум што присуствувам, навистина ми е чест што сум овде со вас – рекла Рајан на почетокот на програмата.

Мастеркласот беше посебна можност да се добие увид во клучните аспекти на кариерата на Мег Рајан и нејзиниот нов филм „Што се случува подоцна“ („What Happens Later“), кој исто така ќе биде прикажан на фестивалот.

Фото: Фејсбук/Сараевски филмски фестивал

Потоа раскажала како, всушност, почнала да глуми и како станала актерка.

– Јас всушност бев студент по новинарство и секако морав да ги плаќам трошоците во текот на факултетот и ете тогаш некако го започнав својот актерски живот. Јас сум, всушност, актерка без формално актерско образование и учев полека и попатно – рекла Рајан, при што истакнала дека глумата секогаш и постојано се учи.

ФОТО+ВИДЕО | Што се случува со лицето на Мег Рајан? Се упропастила, целосен хаос, вели пластичниот хирург

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот