Изет Меџити: Фото/ Прес во Влада

Меџити уште не знае какви отрови се шират во воздухот по пожарот во Трубарево, денеска ќе се знаеле резултатите

Пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубаревое локализиран и целосно изгаснат и е спречено негово ширење. Веднаш е ангажирана акредитирана лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот и тие ќе продолжат и во наредните денови, изјави наденешната  прес-конференција во Владата министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити.

Тој соопшти дека објектот на компанијата „Ф Групација“ во Трубарево има важечка дозвола за управување со отпад издадена од Министерството во 2021 со важност до 2031.

За целосна транспарентност, веднаш ангажиравме акредитирани лаборатории за мерење на квалитетот на воздухот, како од Државниот инспекторат, така и од надворешни специјализирани тела. Веднаш по добивање на информацијата за пожарот, во 13.30 часот, Државниот инспекторат за животна средина се упати на местото на пожарот во објект кој го користи правен субјект „Ф Групација“ во Трубарево. Во текот на надзорот беа извршени мерења од акредитирана лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“ од Скопје и поставен е 24-часовен мерач на квалитетот на амбиентниот воздух. Потоа направени се мерења од лабораторијата за животна средина при МЖСПП. На терен беше и посебна единица на АРМ за радиобилошко и хемиско загадување која исто така направи мерења, рече Меџити.

Како што рече, денеска „Амбикон“, која е акредитираната лабораторија за животна и работна средина од Штипскиот универзитет ќе изврши дополнителни последователни мерења во наредните пет дена со поставување посебен станичен инструмент.

Денеска е почнат административен инспекциски надзор кај правниот субјект од кој ќе бидат земени сите потребни докуемнти. По звршување на надзорот ќе бидат преземени сите мерки – земање мостри од почвата, ќе биде нарачано вештачење за утврдување на точноста во колкава мера било загадувањето врз животната средина. Државните институции понатаму ќе останат на терен и ќе продолжат да работат се додека не се расветлат сите аспекти на случајот – рече министерот.

Филипче: Безбедносната зона да биде проширена на 500 до 2000 метри, мора да има јасен протокол по пожарот во Трубарево

На новинарски прашања дали се знае какви материи се шират во воздухот, што дише населението и кога ќе има резултати, тој одговори дека денеска треба да се  знаат резултатите. Тој негираше дека фирмата што го управувала отпадот била сместена во куќа, туку дека на просторот имало хали.

На прашањето дали чувствува одговорност што после полноќ и без присуство на медиуми дошол на местото на настанот и снимил изјава, Меџити одговори дека цело време бил во тек и „на линија со министерот за внатрешни работи“, иако, рече, МЖСПП не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Но, тоа не значи дека не сме биле уште од првиот момент. Инспекторатот за животна средина, како што кажав во говорот, веднаш пристапил кон местото и акредитираните лаборатотии во Министерството, како и други акредитирани лабориотии, цело време вршат мерења. Тоа што не бев на прес-конференцијата, не сум бил дел од Комитетот, но постојано сме во тек, одговори Меџити.

Во однос на пожарот во Дрисла, рече дека „и таму од првиот момент има контроли“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот