Изет Меџити на Молитвениот појадок во Вашингтон, 6 февруари 2025 г.

Меџити се јави од Вашингтон: „Промовирам пријателство меѓу народите“

Вицепремиерот Изет Меџити денеска во Вашингтон присуствувал на „Молитвениот појадок“, кој обединува политички лидери и влијателни личности од целиот свет, соопштија од неговата партија, Демократското движење.

Меџити, како што е наведено во соопштението, ја истакнал важноста на дијалогот и клучната улога на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави. Тој нагласил дека за време на неговата посета на Вашингтон е „посветен на зајакнување на врските на Северна Македонија со демократскиот свет, промовирајќи заеднички вредности и пријателство меѓу народите“.

„Вербата, вредностите и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме инклузивната иднина“, рекол Меџити.

За време на престојот во САД, како што се наведува во соопштението, Меџити остварил значајни средби, потврдувајќи ја посветеноста на Северна Македонија за продлабочување на меѓународната соработка и зајакнување на стратешките партнерства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!