Меџити првпат се сретна со новата постојана координаторка на ООН, Рита Колумбија

Денес, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оствари прва средба со новата постојана координаторка на ООН, Рита Колумбиjа.

Теми на состанокот биле двете претстојни конференции на Страните на Конвенциите за биолошка разновидност и за климатски промени, како и останати прашања од заеднички интерес, за кои министерот Меџити информирал за текот на подготвителните и за активностите што претстојат, велат од Владата.

„Министерот Меџити се заблагодари за досегашната соработка, додека постојаната координаторка Колумбиа ја потврди подготвеноста на имплементирачките агенции на ООН за уште поголема вклученост во спроведувањето на политиките за здрава животна средина. Таа ја нагласи приоритетноста на областа од аспект на идниот рамковен договор за соработка со Владата на Република Северна Македонија за периодот 2026-2030. Двете страни се сложија за потребата за синхронизиран пристап во програмирањето на Програмите на ООН со националните приоритети заради повеќе димензионалноста на проблематиката и потребата од интегрирање на политиките за здрава животна средина во останатите секторски политики со цел намалување на негативното влијание од климатските промени и влијанието врз биолошката разновидност. Постојанaта координаторка на ООН Колумбија во неколку наврати ја потенцираше тимската работа, искуството и знаењето како препознаена вредност на Министерството“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот