Фатмир Маџити - министер за здраство / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Меџити: Мора да се отворат очи и трајно да се вработат младите лекари, оти во спротивно ќе си заминат!

Мора сите 1.500 здравствени работници и административни работници во јавното здравство да добијат договор за трајно вработување и мора приватните специјализанти да добијат договори за трајно да се вработат во клиниките или да се распределат во здравствени установи во внатрешноста каде што се потребни изјави министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој во утринското гостување на „Слободен печат рече дека овие две политики не се предмет на желба, туку предмет на облигација.

-Осум месеци работам на оваа тема и нема да дозволам некој да биде во здравството и пет-шест години да има договор на дело. Мора да се реши ова, да има договор за трајно вработување. Во владата имавме жестока расправа. Морав да објаснам дека здравството е пред се. Со здравството повеќе не смее да се игра. Мора да се избориме за трајни вработувања. Не е дали сакаме, туку мораме, рече Меџити.

Тој додаде дека одливот на кадри од здравството последните три години е голем.

-Исто така, побарав од министерот за финансии да се вработат трајно приватните специјализанти кои сега добиваат надоместок од 29 илјади денари. Тоа е најдобрата мерка, да останат во јавното здравство. Зашто во спротивно, за шест години ќе го напуштат јавното здравство и ќе речат „пријатно, немаме никакви обврски кон државата“. Затоа повикувам многу квалитетно да се користат овие средства, да се зголемат, да се вработуваат, да се види каде има најголема потреба на кадар и да се прераспределат. Ова се готови кадри. Со ова нема играње. За да се создаде еден здравствен работник требаат 6 години и вие утре да ги пуштите да си одат од државата? Па тогаш не може да кажеме дека имаме сериозна држава и сериозни политики. Целиот владин кабинет мора да отвори очи, овие деца да останат во државата и да ги вработиме, рече Меџити.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот