Фото: Wikimedia / government.ru

Медведев: Зеленски призна дека првите две операции „Мајдан“ биле државен удар

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека самото име на операцијата „Мајдан-3“, за која украинскиот лидер Володимир Зеленски ја обвини Русија дека ја подготвува, значи признавање на Киев дека првите две операции Мајдан биле државен удар.

„Шефот на Бандеростан рече дека Русија ја подготвува операцијата „Мајдан-3“ во Киев за да го отстрани. Проклетство… Ги измеша сите карти. Она што вреди да се напомене е дека самото име на лукавиот план на московјаните „Мајдан -3′ значи признание од Киев дека првите два Мајдани не биле ништо повеќе од државен удар“, напиша Медведев на социјалната мрежа ВКонтакте“, пренесува РИА Новости.

Претходно Блумберг објави дека Зеленски стравува дека во Украина се подготвува нов „Мајдан“. Тој ја обвини Русија дека се обидува да „посее хаос“ и да организира кампања за дезинформации „Мајдан 3“, за да го отстрани од функцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!