Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Медведев обвини дека американскиот пакет помош за Украина има за цел продолжување на прокси-војната против Русија

 Американскиот пакет помош за Украина вреден 40 милијарди долари одобрен од Конгресот има за цел продолжување на посредната војна против Москва, како и нанесување загуби на Русија и ограничување на нејзиниот развој и политичко влијание во светот, оцени заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Медведев преку „Телеграм” порача дека САД нема да успеат да го ограничат економскиот развој на Русија и нејзиното политичко влијание во светот.

Според него, „очигледно е дека рекордната помош не може да се објасни како љубов на САД кон Украина, ниту како поддршка на сопствената економија”.

„Нејзина цел е продолжување на прокси-војната против Русија, желба да се нанесе тежок пораз, да се ограничи нејзиниот економски развој и политичко влијание во светот”, напиша Медведев.

Медведев нагласи дека ќе бидат реализирани целите на специјалната руска воена операција во Украина.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри повеќе од 40 милијарди долари помош за Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот