
Медведев: Можеби е време МАГА да сфати дека со поддршката на Украина, поддржува убијци
Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и премиер, а денес заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, го коментираше убиството на влијателниот десничарски активист Чарли Кирк.
Препорачано
-Политички злосторства и атентати неодамна беа извршени од разни лево-либерални злобници кои го поддржуваат Киев. Фицо, Кирк. Кој е следен? Можеби е време тимот на МАГА да сфати дека со поддршката на Украина, поддржува убијци“, напиша Медведев на „Икс“.
Кирк, инаку близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, држеше говор пред публика на Универзитетот Јута Вали во Орем, Јута, кога беше застрелан во вратот. Тој беше префрлен во болница во сериозна состојба за итна операција, но почина.
Словачкиот премиер Роберт Фицо го преживеа атентатот во мај минатата година. Фицо беше подложен на неколку операции откако се здоби со животозагрозувачки повреди во пукањето. Атентаторот беше идентификуван како 71-годишниот Јурај Цинтула, кој рече дека не се согласува со политиката на сегашната влада.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
12мин
-
13мин
-
19мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5