Макрон Трамп EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Медведев: Коалицијата на добронамерните не успеа да го надигра Трамп во Белата куќа

Коалицијата на оние кои сакаат војна со Русија не успеа да го надмудри американскиот претседател Доналд Трамп на негова територија, изјави денес заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи ги преговорите за Украина во Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги угости Володимир Зеленски и лидерите на ЕУ во Белата куќа во понеделникот, а темата на разговор беше завршувањето на војната во Украина. „Антируската военоподбуцнувачка Коалиција на волјата не можеше да го надмудри американскиот претседател на негова територија.

Донал Трамп и Дмитри Медведев

Европа се заблагодари и беше поласкана. Единственото прашање е која песна ќе ја пее киевскиот комичар дома за гаранции и територии, кога повторно ќе ја облече зелената воена униформа“, напиша Медведев на социјалната мрежа X.

Трамп го увери Зеленски дека САД ќе ја гарантираат безбедноста на Украина во договорот за завршување на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот