
Медиумскиот магнат Руперт Мардок и актерката Џери Хол официјално се разделија по шест години брак
Медиумскиот магнат Руперт Мардок и неговата сопруга, актерката и поранешна манекенка, Џери Хол, се разведоа по шест години брак. Откако објавија дека се разведуваат, почнаа да кружат приказни за можните причини за раскинувањето.
Препорачано
„Џери Хол и Руперт Мардок го финализираа разводот. Остануваат добри пријатели и си посакуваат се најдобро во животот“, пишува во заедничкото соопштение до медиумите.

91-годишниот Мардок никогаш не го поддржувал порокот на неговата 65-годишна сопруга која е страстен пушач. Во јавноста, Руперт често можеше да се види како се оддалечува од својата сопруга во моментот кога таа пали цигара. Наводно, тоа е причината поради која парот се разведува.
„Пушам, пијам, сакам вино, сакам да се сончам, да пијам кафе. Правам секакви работи што не треба да ги правам“, изјави Џери за „Good Housekeeping“ во 2014 година.

Двојката последен пат беше видена заедно во август 2021 година, кога беа фотографирани како влегуваат во ресторан одделно, но заминаа заедно со истиот автомобил. Тие се венчаа во 2016 година на интимна церемонија во Лондон, по 5 месеци врска. Тоа беше четврти брак на Мардок, а тоа беше и прв официјален брак на Хол, по 22-годишната врска со пејачот Мик Џегер, за кој никогаш официјално не се омажи.