Медицинските сестри од Тетово го прекинаа протестот

Медицинските сестри од Клиничката болница Тетово кои протестираа поради тоа што работат со договор за дело, денеска објавија дека го ставаат протестот во мирување поради слаба поддршка од институциите и граѓаните. Ќе го чекаат назначувањето на новиот министер за здравство Азир Алиу кое ќе се случи најверојатно на 12 јуни, но можно е и порано ако Собранието го стави на дневен ред неговото назначување пред тој период. Медицинските сестри од тетовската клиничка болница не се откажуваат од барањата.

-Проблемот не е во конкретен директор туку оваа состојба се провлекува со секоја промена на раководството. И покрај посветеноста за време на ковид-пандемијата не добивме подобри услови. Одлучивме да се повлечеме достоинствено, но нема да престанеме да ги бараме нашите права. Ќе продолжиме да чекаме одговор од болницата од Министерството за здравство и од Министерството за финансии, изјави Лидија Коруновски, главна медицинска сестра во Клиничка болница Тетово. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот