фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Мбапе уште долго ќе игра за ПСЖ, тврди Ал Келаифи

После големите перипетија ова лето, Килијан Мбапе сепак остана во Пари Сент Жермен.

Договорот на Мбапе истекува на крајот на сезоната, па постои реална можност да го напушти ПСЖ на лето без обештетување.

Поради тоа имаше несогласување, па во еден момент дури и беше исфрлен од првиот тим. Меѓутоа, последните информации се дека се водат преговори за продолжување на договорот, но краткорочен.

Сепак, претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи верува дека Мбапе уште долго ќе остане во Париз.

„Килијан Мбапе е играч на ПСЖ. Го сака клубот. Тој е фантастичен играч. Тој е најдобар во светот. Многу сме среќни што го имаме и ќе го имаме и во иднина на подолг рок“, порача Ал-Келаифи.

Луис Енрике за Мбапе: Слична беше ситуацијата и минатата година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!