Фото: Принтскрин

Маж од Гостиварско „олеснет“ за 25.000 евра – парите ги дал како капар за „Мустанг“, но не го добил

Маж од Гостиварско на возраст од 29 години пријавил дека бил измамен од американски државјанин за сума од 25.000 американски долари, со кого бил договарен да купи „форд мустанг“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 14:05 часот во ОВР Гостивар, 29-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Г.П. од САД за сума од 25.000 американски долари.

Според пријавеното, на 03.09.2025 преку социјални мрежи тој стапил во контакт со лицето и се договориле да купи патничко возило „форд мустанг“, олдтајмер од 1968 година и првата половина од цената да ја плати веднаш, а другата откако ќе го добие возилото. Како што е пријавено, тој извршил уплата во филијалата на банка во Гостивар и по неколку дена изгубил секаков контакт со лицето, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот