Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Матијас Де Лихт може да остане без возачка дозвола

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас Де Лихт ова лето често беше во медиумите, прво го изгуби стартното место во селекцијата на Холандија за Европското првенство, а не му оди најдобро ниту во Баерн. Сега се соочува со проблеми и надвор од теренот.

Имено, како што пренесува германски „Билд“ , Де Лихт во близина на тренинг центарот со своето Ауди удрил во еден паркиран автомобил, а за негова среќа немало никој во автомобилот. Но, проблем е што Де Лихт откако го оштетил автомобилот си заминал од местото без да повика полиција.

Ваквите постапки во Германија се казнуваат и со кривична пријава, а затворската казна може да изнесува и до три години. Сепак, за Де Лихт олеснителна околност е што му е првпат и би требало да помине само со одземање на возачка дозвола и парична казна.

„Билд“ додава дека обвинителството има сведоци, па така Де Лихт нема да може лесно да се извлече.

Инаку, во овој период Холанѓанецот се поврзува со можен трансфер во Манчестер Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот