Гордана Сиљановска Давкова Фото: Кабинет на претседател

Матарела до Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидете жртва на идентитетски прашања или на билатерализација

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал претседателот на Италија Серџо Матарела на денешната средба во Рим со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, јави известувачот на МИА.

По средбата со Матарела, Сиљановска-Давкова изјави дека шефот на Италијaнската Република е наш голем пријател и оти во разговорите ги реафирмирале заложбите за реинтеграција на Западен Балкан во ЕУ.

„Тој веќе разговарал со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за она што нам ни се случува. И не само како наш пријател туку и како голем пријател на Западниот Балкан рече дека ЕУ не смее да дозволи ние да бидеме жртва на идентитетски прашања или на билатерализација врзана за идентитетски прашања. Очекува, и јас очекувам, да дојде до разговори со нашите соседи за да видеме кое можеби е најдоброто решение“, рече Сиљановска – Давкова.

Претседателката Сиљановска-Давкова на средбата повторно ги реафирмирала заложбите на Македонија за гаранции од ЕУ, бидејќи како што му рекла на Матарела, „ако биде уште една од промените на кои укажува ЕУ, тогаш не само што нема ништо да добиеме ние, туку нема ништо да добие ни Балканот, бидејќи приказната за ветото и за билатерализацијата на евроинтеграцијата ќе се повтори“.

Папата и претседателот на Италија рекле дека остануваат наши пријатели и дека на тој пат нема да ги заборават ниту принципите на ЕУ на кои повторно потсетила Сиљановска-Давкова.

Претседателката претходно денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14.

ФОТО | Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот