
Масовно угинување на пчели во Србија
Драстичните загуби на пчелите во Србија продолжија и во втората половина на март и почетокот на април, соопшти Здружението на пчеларски организации на Србија, додавајќи дека во некои региони стапката на смртност е и до 100 отсто, пишува Данас.
Препорачано
„Верувавме дека загубата на пчели ќе заврши до средината на март и дека колониите кои ја преживеаја зимата, иако ослабени, ќе продолжат да се развиваат. Сепак, тоа не се случи. Напротив, пчеларите од сите делови на Србија известуваат дека загубите на пчели продолжуваат и драстично се зголемуваат, посебно во западна Србија, Поморавље и Шумадија“, се наведува во соопштението на Здружението на пчеларски организации на Србија.
Повеќето пчелари ја опишуваат ситуацијата во кошниците со зборовите дека кошниците наеднаш снемала пчели, посебно во последните 15 дена. Има пчелари кои многу прецизно го контролираат нивото на преостанати роеви во кошницата, но смртните случаи има.
„Според извештаите од теренот, од различни надморски височини, може да се заклучи дека пчеларниците подобро поминале на повисоките места, каде ноќите во јули и август лани биле посвежи. Спорадични случаи на угинување се забележани во периодот март-април годинава кои се сметаат за нормални за овој период од годината- велат пчеларите
Како можна причина за масовното угинување на пчелите, пчеларите наведуваат дека причината треба да се бара во доцното летно лекување и недоволно ефекасните средства. Загубите на пчелите во регионот се околу 50 проценти, а во САД 62 проценти.