Лекови за ковидЕвропската агенција за лекови (ЕМА) одобри уште два лека за лекување на Ковид-19/ EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Масовно тестирање на деца на Ковид-19 во Хилдбургхаузен

Премиерот на германската провинција Турингија, Бодо Рамелов денеска го најави првото масовно тестирање на деца во најпогодената област Хилдбургхаузен, со цел  за да се утврдат причините за порастот на бројот на инфицирани со Ковид-19.

Во  Хилдбургхаузен регистрирани се 603 случаи на 100.000 луѓе, што е четирипати повеќе од германскиот просек од 140 случаи, според Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

– На 1 декември ќе го почнеме првото масовно тестирање на деца и млади. Тестирањето ќе биде бесплатно. Тогаш првпат ќе дознаеме колку се безбедни училиштата и градинките, посочи рече Рамелов.

Во Хилдбургхаузен, е воведен построг карантин во споредба со поголемиот дел од Германија. Градинките и училиштата се затворени, а 63.000 жители можат да ги напуштат своите домови само за добра причина, а за прекршителите предвидена е казна и до 25.000 евра. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот