принтскрин

Масовна тепачка на фудбалери во Србија, судиите не исклучија никого (ВИДЕО)

Неверојатни сцени од Суперлигата во Србија.

Фудбалерите на Раднички Ниш со 2:0 го совладаа Пролетер во рамките на шестото коло во Суперлигата. Двата гола беа постигнати во второто полувреме, а првиот дел го одбележа масовната тепачка на фудбалерите и тренерите на двете екипи.

Инцидентот го започнаа резервните фудбалери на Пролетер кои беа незадоволни од судиските одлуки и тргнаа да се пресметаат со арбитрите.

Потоа нервозата се пренесе на играчите на двете екипи по што започнаа масовна тепачка. Откако заврши тепачката судиите донесоа неверојатна одлука, да не доделат црвен картон на ниту еден фудбалер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот