Германија/ фото: Pixabay

Масовна измама во Германија, се купуваат сертификати за престој и државјанство без школување или испити

Германија се соочува со растечки проблем на масовна злоупотреба и фалсификување на јазични сертификати што ги користат странските државјани за добивање дозволи за престој и државјанство. Истрагата на РТЛ и Штерн откри широка мрежа на онлајн измамници кои продаваат лажни сертификати без школување и без испити преку Тикток и Ватсап.

Црниот пазар за лажни јазични сертификати расте во Германија, открива заедничка истрага на новинарите од овие весници. Преку видеа на Тикток, честопати придружени со арапска, турска или албанска музика, на корисниците им се нудат сертификати за нивоа од А1 до C2, како и тестови „Лебен ин Дојчланд“ – без никакво образование или испити. Цените на лажните документи достигнуваат до 2.700 евра, а сертификатите изгледаат автентично, со КјуАр кодови што водат до лажни, но професионално креирани веб-страници, пишува германскиот РТЛ. Новинарите контактирале со над 40 препродавачи во текот на летото, а во неколку градови одржале и лични состаноци и добиле фалсификувани документи кои тешко се разликуваат од оригиналите.

Според истражувачкиот новинар Лив фон Бетихер, системот за контрола во многу случаи воопшто не функционира. Лажните сертификати не се користат само за стекнување државјанство, туку и за добивање дозволи за престој. Според достапните податоци, само 1.009 натурализации се поништени во последните пет години, иако се проценува дека вистинскиот број на фалсификати е значително поголем, пренесува Феникс магазин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот