Украински дрон погодил зграда во близина на Москва EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Масовен руски напад со дронови врз Измаил, регион со голема бугарска заедница

Украинскиот град Измаил на реката Дунав беше погоден од голем руски напад со беспилотни летала што траеше речиси два часа преку ноќ. Локалните власти објавија дека нападот бил насочен кон пристанишната инфраструктура на градот, иако пожарите предизвикани од нападите брзо биле изгаснати. Според регионалната администрација, немало извештаи за сериозни штети или жртви.

Нападот ги принудил жителите на регионот Одеса да побараат засолниште. Службениците ги повикале луѓето да не ги напуштаат засолништата додека не се даде дозвола. Патеката на летот на беспилотните летала минувала над голем број населби каде што компактно живеат етнички Бугари. Според пописот од 2001 година, повеќе од 150.000 Бугари живеат во регионот Одеса, што ги прави трета најголема етничка заедница во Украина, јавуваат бугарските медиуми. Како што пренесуваат медиумите нивното присуство е концентрирано во областите Болград, Измаил и Билхород-Днистровски.

Ноќните напади не беа ограничени само на регионот Одеса. Во регионот Киев, рускиот воздушен напад врз градот Била Церква уби едно лице. Локалниот гувернер Микола Калашник пријави штета во неколку населби, со скршени прозорци во високи згради и повеќе пожари што избувнаа.

Во меѓувреме  украинските претставници ја нагласија итната потреба од подобрена воздушна одбрана и пристап до оружје со долг дострел. Претставниците на НАТО ги осудија руските напади извршени во последните денови, вклучително и нападот со ракети и беспилотни летала врз Киев во кој загинаа 25 цивили и предизвика сериозна штета на станбени области и други згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!