
Маскиран натрапник намерно истурил 60.000 литри премиум шпанско вино во вредност од 2 милиони евра
Маскиран натрапник во неделата намерно истурил околу 60.000 литри премиум вино складирано во позната шпанска винарија, а вредноста на уништеното вино се проценува на околу 2 милиони евра, пишува „Олив прес“.
Препорачано
Саботажата се случила во неделата во Кастриљо де Дуеро, на околу 150 километри северно од Мадрид, објавија шпанските медиуми, повикувајќи се на информации добиени од сопственикот на винарската визба, Хозе Моро.

Моро рекол дека на безбедносната снимка се гледа како лицето влегува низ вратата што овозможува пристап до машинската просторија каде што почнал брзо да празни три цистерни. Тој рекол дека натрапникот знаел дека системот може да ги отвори резервоарите – нешто што не е едноставно.
Околу 3:30 часот по локално време, маскирано лице влегло во магацинот на винаријата и за помалку од една минута ги отворило чешмите на пет челични цистерни со врвните брендови Малабриго и Хоркахо, кои се продаваат по цена од над 90 евра по шише.
Тој додал дека безбедносните видео снимки покажале натрапник кој изгледа знаел како да влезе во магацинот на винаријата во престижниот вински регион Рибера дел Дуеро. Тој рекол дека по упадот ништо не е одземено од магацинот. Моро рекол и дека се сомнева кој би можел да биде натрапникот, но не сакал ништо да објави јавно за да не ја попречи полициската истрага.