
Маск повторно ја поддржува АфД пред изборите во Германија
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Тесла“ Илон Маск повторно се вмеша во изборната кампања во Германија преку својата платформа X во корист на десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија АфД (AfD), објавија германските медиуми.
Препорачано
„Или Германија ќе гласа за АфДили тоа ќе биде крај на Германија“, напиша Маск на X пред локалните избори што ќе се одржат на 14 септември во најнаселената покраина во Германија, Северна Рајна-Вестфалија.
Either Germany votes @AfD or it is the end of Germany https://t.co/Ix58V4USrn
— Elon Musk (@elonmusk) August 31, 2025
Партиите ја отфрлаат антимигрантската кампања
Тој реагираше, според германските медиуми, на заедничката изјава на партиите што учествуваат на изборите во оваа федерална држава, во која се отфрли какво било обвинување на мигрантите за актуелните социјални проблеми како што се зголемувањето на насилството или невработеноста.
Во изјавата се нагласува дека изборната кампања не сака да се води „на грбот на мигрантите“, а изјавата ја потпишаа партии како што се Христијанско-демократската унија, Социјалдемократската партија на Германија, Зелените и некои други партии, со исклучок на АфД.
Маск и АфД го менуваат тонот на германската политика
АфД објави дека не е поканета да се приклучи на иницијативата и дека доколку била, немало да одговори на неа. Платформата „Европски конзервативци“ претходно ја прогласи оваа иницијатива за забрана за слободата на говорот и тврдеше дека АфД е единствената партија што отворено зборува за прашањата поврзани со миграцијата.
Елон Маск веќе го искористи X за да влијае на изборната кампања за предвремените парламентарни избори во февруари оваа година, повикувајќи ги германските граѓани да гласаат за АфД и објави интервју со лидерката на АфД, Алис Вајдел.
Локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија се сметаат за прв тест за расположението на гласачите откако христијанско-демократската влада на Фридрих Мерц дојде на власт на почетокот на мај.