Илон Маск/ Фото EPA-EFE/Carina Johansen

Маск и натаму прв на листата на милијардери на Блумберг, Безос го претекна Арно за второто место

Основачот и главен извршен директор на компанијата ЛВМХ, Бернард Арно, го загуби второто место на листата на милијардери на Блумберг, откако беше претекнат од првиот човек на Амазон, Џеф Безос. Прв на листата и натаму е американскиот милијардер Илон Маск.

Во моментов Безос е на второто место со 156 милијарди долари, додека Бернард Арно е трет на листата на милијардери на Блумберг со богатство од 155 милијарди долари, пренесува Блумберг.

Вредноста на имотот на Бернард Арно падна за 6,8 милијарди долари од средата кога ЛВМХ соопшти дека нејзината продажба годинава се зголемувала побавно од очекуваното.

Падот на извршниот директор на ЛВМХ на листата на милијардери на Блумберг ја одразува продажбата на луксузни стоки која е послаба во 2023 година поради падот на побарувачката во САД и тешкото економско закрепнување во Кина.

Спротивно на тоа, богатството на Џеф Безос порасна за 49,3 милијарди долари оваа година, бидејќи вредноста на акциите на Амазон се зголеми за 58 отсто во истиот период.

На чело на листата и натаму е американскиот милијардер и претприемач Илон Маск со имот вреден 234 милијарди долари. Акциите на Тесла пораснаа за 106 отсто оваа година, а Маск стана побогат за 96,8 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот