Фото: Tviter

Масакр во воена база во Чад, над 40 загинати војници

Нападот врз воена база во Чад резултираше со смрт на околу 40 војници, во провинцијата Лак, во близина на границата со Нигерија.

Претседателот на Чад, Махамат Деби Итно денеска ја посети базата во западниот дел на Чад и најави воена операција за апсење на напаѓачите.

Чад подолг период се справува со исламистички бунт во западниот дел на земјата, што граничи со Нигерија.

Во јуни девет лица загинаа, а повеќе од 40 беа повредени во експлозија во магацин за воена муниција во главниот град на Чад, Нџамена.

Во март, во напад за кој Владата ја обвини групата Боко Харам загинаа седум војници во регионот на езерото Чад.

Боко Харам почна бунт пред повеќе од една деценија и се обидува да воспостави шеријат во североисточна Нигерија. Бунтот се прошири и на западноафриканските соседи, вклучувајќи ги Камерун, Нигер и Чад.

Политичката ситуација во Чад е контроверзна и по претседателски избори, на кои победи Итно. Тој по смртта на неговиот татко во 2021 година ја водеше земјата како привремен претседател за време на воено владеење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот