Фото: FC Arsenal/X

Мартинели во судиското продолжение му донесе бод на Арсенал против Сити

Габриел Мартинели е херојот на Арсенал откако со гол во судиското продолжени им донесе бод не црвените од северен Лондон во дербито со Манчестер Сити.

Гостите поведоа рано, во 9. минута, кога Халанд ја започна акцијата од сопствената половина, а по одлична соработка со Реијндерс, сам ја заврши со сигурна реализација. Тоа беше негов шести гол сезонава во само пет натпревари.

Арсенал постепено го презеде темпото, но Донарума беше сигурен меѓу стативите и спречи неколку опасни обиди. По паузата, Артета внесе нова енергија со влезот на Езе и Сака, а Сити се повлече и се фокусираше на одбрана.

Во финишот, откако Халанд беше заменет, „граѓаните“ не издржаа под притисок. Во 92. минута, по грешка во одбраната, Мартинели со прецизен удар го матираше Донарума и му донесе бод на Арсенал.

Со овој бод Арсенал се зацврстува на второто место на табелата, додека пак Сити е на 9 место со седум освоени бода.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот