
Марта Стјуарт проговори за поранешниот партнер: „Бевме во кревет и во еден момент ми рече дека ќе се ожени за друга“
Американската водителка Марта Стјуарт зборуваше за својот живот во нејзиниот документарец „Марта“, а во еден момент откри детали од нејзината врска со бизнисменот, милијардерот Чарлс Симоњи, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Всушност, по разводот со Ендрју Сјуарт, Стјуарт била со Симоњи 15 години, дури и кога поминала пет месеци во затвор под обвинение за заговор и попречување на правдата.
Како што е познато, Стјуарт беше прогласена за виновна за лажење за продажбата на акциите на „ImClone“, а денот кога беше прогласена за виновна, наводно, бил „тажен ден“ за Симоњи. Иако рекол дека не се согласува со пресудата, тој ја посетил својата сакана само еднаш во затвор. Во документарецот дури е прикажано писмо што Стјуарт му го напишала на Симоњи, во кое пишувало: „Одамна немам добиено порака или мејл од тебе. Би сакал да слушнам од тебе“.
Откако Стјуарт излезе од затвор, парот се забавуваше уште три години. И тогаш се случи истото сценарио како и со претходниот партнер – Симоњи ја остави Стјуарт за друга жена. Сепак, Стјуарт го нарекува „тотален гениј со кој живеела поинаков живот“.
„Почнавме да одиме секаде заедно. Тоа беше поинаков живот. Тој имаше свој авион, градеше брод во Германија и јас почнав да работам на бродот со него“, рече таа.
Двојката присуствуваше на неколку настани заедно во доцните деведесетти години, вклучувајќи ја и вечерата за унгарскиот претседател во Белата куќа и свадбата на филмскиот продуцент Џоел Силвер во Италија.
Покрај сето горенаведено, Стјуарт опиша и како бизнисменот решил да раскине со неа.
„Имавме детално испланирано патување. Бевме во посета на претседателот на Исланд и бевме во кревет и тој рече: ‘Знаеш Марта, ќе се женам, ќе се оженам за Лиза’. Реков: ‘Која Лиза?’ Тој не кажа ниту еден збор“, продолжи таа, додавајќи дека тој потоа ѝ рекол дека нејзините родители не сакаат тој да разговара со неа.
„Мислев дека тоа е најстрашното нешто што човек може да го направи. По половина година, Симоњи се вери со 32-годишната ќерка на шведскиот милионер, Лиза Персдотер, со која подоцна доби две ќерки.
Инаку, Симоњи пораснал во Будимпешта, а на 17 години се преселил во Данска за да работи како програмер, а подоцна во САД студирал математика и инженерство на Универзитетот Беркли, од каде заминал на Универзитетот Стенфорд за да докторира на компјутерски науки.