Пламенот трепка на Гробницата на Непознатиот војник во Париз/Фото: EPA/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Мароканецот кој запали цигара од пламенот кај Триумфалната капија во Париз остана без дозвола за престој

Мароканецот кој запали цигара од вечниот оган на Гробницата на непознатиот војник и кој досега легално престојувал во Франција со дозвола за престој до октомври 2025 година е приведен. Како што објави француското Министерство за внатрешни работи, неговата дозвола за престој ќе му биде одземена.

Инцидентот се случил во понеделникот вечерта, под Триумфалната капија во Париз, кога 47-годишниот маж се приближил до пламенот, клекнал и запалил цигара. Сè било снимено на видео од турист од Латвија, кој ја објавил снимката на Тикток. Снимката брзо се проширила на социјалните мрежи, предизвикувајќи силни реакции.

Во сведочењето на туристот, кој разговараше со новинар од весникот „Ле Фигаро“, се наведува дека човекот не изгледал дека е под дејство на алкохол или дрога, туку изгледал „целосно свесен и горд на својот чин“.

Според властите, 47-годишникот веќе им е познат на полицијата и судските служби. Тој го признал делото.

Министерот за внатрешни работи напиша на платформата Икс: „Овој чин, недостоен и жален, го навредува сеќавањето на оние што паднаа за Франција“.

Гробницата на Непознатиот војник се наоѓа под Триумфалната капија од 11 ноември 1920 година, во спомен на војниците кои ги загубија своите животи за Франција за време на Првата светска војна.

ВИДЕО | Уапсен мажот кој запали цигара од пламенот кај Триумфалната капија во Париз, гест што предизвика гнев во Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот